Поврзете се со нас

СЕХА лига

Столе изрежира ракометен деликатес и уште во првото коло достави кандидатура за „гол на сезоната“ (Видео)

Објавено

на

Столе Стоилов експресно му се стави на располагање на Стевче Алушовски по настапот кој го имаше со Македонија на Светското првенство во Египет, па експресно се најде во стартната постава на Вардар за дебито во новата сезона во СЕХА лигата.

Македонскиот шампион отвори на посакуван начин и не му даде никаква шанса на Војводина, а пикерот на Вардар се погрижи уште во првото коло да видиме гол кој е кандидат за погодок на сезоната во регионалното натпреварување.

По почетниот гол на Војводина за водство од 0:1, следеа шест голови на Вардар, а третиот беше дело на Столе кој изведе ракометна мајсторија во „Јане Сандански“.

Македонскиот репрезентативец презентираше спектакуларна „шрауба“ во ситуација кога беше свртен со грб кон голот, техника со која постигна спектакуларен гол кој замислете како громогласно ќе беше поздравен доколку имаше публика во салата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни