Столбот во одбраната на Барса направи страшен избор од четири легенди кои му биле инспирација во фудбалот (Видео)

umtiti-ls

Самуел Умтити се претвори во вистински столб во одбраната на Барселона и неговото купувањае пред година и половина се покажа како полн погодок на управата на каталонците, уште повеќе ако се знае дека Французинот има само 24 години и има уште многу простор за напредок во својата игра.

Со својата пожртвуваност и смиреност, Умтити брзо ги освои симпатиите на навивачите на Барселона кои исто така доста брзо почнаа да го споредуваат со дефанзивните квалитети на легендарниот Пујол, а сега во изборот кој го направи за официјалниот Твитер профил на каталонскиот гигант, Французинот направи еден специјален тим од легенди кои му биле инспирација во фудбалот.

Умтити на голот го постави Оливер Кан поради неговиот карактер и тешкотијата која ја имаа противничките напаѓачи да му дадат гол, во одбраната го издвои Паоло Малдини поради неговите дефанзивни и лидерски квалитети, како најголема инспирација во средниот ред го посочи Роналдињо поради неговата способност да дрибла и елиминира противници, додека во нападот се одлучи за Бразилецот Роналдо кого го нарече фудбалер кој може да постигнува безброј погодоци секоја сезона.

Facebook Коментари