Светски првенства
Стојковиќ по ремито со Камерун: Направивме аматерски грешки

Србија имаше два гола предност на дуелот со Камерун, но на крајот успеа да освои само бод на денешната средба на Светското првенство во Катар и си ја отежни ситуацијата во пресрет на последното коло.
Селекторот Драган Стојковиќ по средбата во својата прва изјава истакна задоволство поради подобрената игра и бројот на направени шанси, но истовремено истакна дека Камерунците постигнале два идентични гола поради лошата поставеност на одбраната.
– Резултатот делува фрустрирачки. Игравме добро, прво не искористивме шанси, но и потоа кога губевме, направивме пресврт со три гола.
– Она што пресуди беше непотребното длабоко излегување на одбраната и некој обид за офсајд стапица, тоа се аматерски, кардинални грешки на вакво ниво. Такво нешто не смее да се случува, жално е што противникот ни даде два речиси идентични гола, – изјавил популарниот Пикси.
Србите сега ќе треба да навиваат за Бразил, а потоа во последното коло да ја победат Швајцарија за пласман во следната рунда.
-
Светпред 21 час
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 24 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Македонијапред 22 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 16 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“