Поврзете се со нас

Европски првенства

Стојковиќ најави промени за „финалето“ со Данска: Вистинско чудо е што никој не се истепа во тимот

Објавено

на

Foto:twitter.com/FSSrbije

Србија се стави во ситуација да игра на „се или ништо“ во завршното коло од групната фаза на Европското првенство, бидејќи нашиот северен сосед мора да брка победа во пресметката со Данска.

По поразот од Англија и драматичното реми со Словенија, на Србија и одговара само победа и три бода против Данска за сигурен влез во осминафинале, па критикуваниот Драган Стојковиќ денеска најави дека подготвил неколку промени во стартниот тим за мечот со Данска.

Иако не сакаше да открива детали, српските медиуми кои се во Германија излегоа со извештаи од последните тренинизи, а според истите, Пикси ќе игра со еден напаѓач против Данска и ќе го зацврсти средниот ред со Лазар Самарџиќ.

– Ќе ја избереме најпаметната варијанта за Данска и ќе има промени во тимот. Имаме јасен план за игра, а во зависност од случувањата на теренот, ќе видиме како ќе се прилагодиме на условите. Најважно е да бидеме расположени за игра.

– Утре е голем ден за нас, не чека голем меч и треба да гледаме позитивно на тоа што не чека. Самарџиќ низ смеа го прашав дали е подготвен за игра, а тој едвај чека да полета на теренот. 26 дена сме веќе заедно и вистинско чудо е што никој не се истепа. Некој сака да ни го расипе заедништвото, но ние не се даваме.

– Данска има извонредна фудбалска академија и секогаш се при врвот во фудбалот. Имам голем респект кон Данска и нивниот селектор. Голем предизвик ќе биде да бидеме на исто физичко ниво со нив. Се надевам дека моите играчи ќе бидат подготвени да одговорат какошто треба, – изјави Пикси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни