Македонија
Стојков понесе одговорност и си поднесе оставка како спортски директор во Брера Струмица
Брера Струмица имаше извонреден старт на сезоната и со добрите игри ветуваше дека ќе котира за висок пласман, но значителниот пад во формата носат и први посериозни промени пред да дојде до предвидената зимска пауза во македонското првенство.
Ребрендираната Академија Пандев има целосно нов лик во новата сезона, но еден од оние кои беа дел од клубот и во минатото, сега реши да се повлече од својата одговорна функција.
Легендарниот Ацо Стојков ја извести јавноста дека повеќе нема да ја извршува улогата на спортски директор, а тоа го направи со објава преку социјалните мрежи.
– Сакам да ја информирам македонската спортска јавност дека од денес не сум повеќе спортски директор на Академија Пандев Брера Струмица. Во време на долгорочна резултатска криза доблест е да се понесе одговорност, дури и кога имаш најмалку вина. Но, одлуките се носат да се испочитуваат.
– Им благодарам на фудбалерите за беспрекорната соработка, на клубот и управата за укажаната шанса и им посакувам успех во следниот период. Време е да се посветам на семејството и новите предизвици, – гласи објавата на Стојков.
-
Шпанија22 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија23 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Свет8 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија21 час
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија19 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Англија21 час
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Европски купови9 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
Франција22 часа
„Седумката“ на Гризман во француската репрезентација доби нов сопственик