Поврзете се со нас

Репрезентација

Стојановски: Влеговме со доза на вознемиреност, но на крајот демонстриравме квалитет

Објавено

на

Foto:kfsm.mk

Македонија ја заврши својата задача во Осло и ја декласираше Норвешка со победа од 38 поени разлика, по што нашиот национален тим обезбеди место во главната рунда од квалификациите за Европското првенство.

Избраниците на Јончевски покажаа сила и карактер на најважниот меч и завршија како први во претквалификациската група, а важен фактор во победата од 79:41 одигра и капитенот Војдан Стојановски.

Кошаркарот на МЗТ Скопје постигна 16 поени во моментите кога Македонија се одлепуваше на семафорот, по што на крајот можеше да добие и поштеда од селекторот.

– Имаше некоја доза на вознемиреност откако дознавме дека Словачка стигна до драматична победа во Данска. Тоа беше неспорно, но и ништо страшно. На крајот се чини дека тоа беше и дополнителен мотив кај сите нас, дека се е во нашите раце на средбата во Осло. Влеговме во натпреварот како што и посакувавме, многу подобро од онаа средба во Левице, кога му дозволивме на противникот шутерски да се отвори и да ни даде 15 тројки. Норвежаните се познати по добриот шут за три поени и интенција ни беше да ги спречиме нивните главни шутери. Можеби оваа средба во Осло заликуваше на онаа од Гевгелија, кога навистина ги исполнивме сите задачи во дефанзивата, каде посветивме доста поголемо внимание. Добриот почеток беше основа и за добра игра.

– Она што е извесно е дека оваа екипа покажа карактер. Јасно е дека не беше лесно да се префрлиме во Осло по оној пораз во Левице. Но игравме со уште поголема верба во сопствените можности. Ниту во еден момент не им дозволивме да се надеваат на некое изненадување и мирно го привршивме натпреварот во кој ја оправдаме улогата на фаворит, – изјави Стојановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни