Поврзете се со нас

Репрезентација

Стојановски: Сите знаеме што значи овој натпревар, целта е да го победиме Косово

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација во четврток го пречекува Косово во полуфиналето во Лигата на нации за пласман на Европското првенство.

Средбата се игра во Скопје на националната арена „Тодор Проески“, а евентуална победа ќе не донесе само на чекор до место на континенталниот собир. Во нашиот табор се свесни и знаат колку е важен овој натпревар, па ќе го дадат последниот атом од силите за да дојдат до резултатот кој го посакуваат.

-Од нас фудбалерите може да очекувате дека ќе го дадеме максимумот. Сите знаеме што значи овој натпревар, како за нас, така и за целата држава. Мислам дека ќе биде тешка средба, ама се надевам дека ќе го победиме Косово.

-Ќе ги анализираме, ќе ги видиме нивните добри  и лоши страни и според тоа ќе се ориентираме. Ќе го дадеме максимумот за да ги искористиме нивните слаби страни, -истакна напаѓачот Влатко Стојановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни