Стојановски расположен, Бујукчекмече заглави кај Газиантеп

vojdan vodi

Македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски одигра на високо ниво на денешното гостување на Бујукчекмече кај Газиантеп турскиот шампионат, но неговиот ангажман и труд не беше доволен за позитивен резултат.

Домашниот состав ги доби сите четири периоди и заслужено славеше убедливо со 87-67, па и затоа учинок на нашиот Војдан од 15 поени, 1 скок и 3 асистенции падна во втор план.

Лидер кај победниците беше Арманд со 23 поени на кои придодаде 5 скокови, 4 асистенции, 3 освоени и 5 загубени топки.

Нова можност за позитивен резултат Бујукчекмече ќе има на домашен терен против Галатасарај.

Facebook Коментари