Стојановски со „петка“ се одјави од По Ортез

vojdan sut

Македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски го одигра својот последен меч во дресот на  По Лак Ортез и тоа против Монако ЛНБ лигата во Франција.

Лидерот во францускиот шампионат не дозволи изненадување и пред своите гледачи славеше со 89-76. Нашиот Војдан се најде во стартната петорка и за 22 минути реализираше 5 поени со 3 скокови и 1 асистенција. Дентмон со 16 кошеви беше најефикасен кај По Ортез, додека пак листата на стрелци кај победникот ја предводеше Бост со 19 поени.

Да потсетиме Стојановски имаше договор на шест недели со По Ортез, а сега договори нов ангажман и се сели во Гравелин Данкерк.

Facebook Коментари