Поврзете се со нас

Репрезентација

Стојановски: Не очекува многу напорно темпо, би било добро да издвојуваме победа пред битката со Естонија

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација во Перм ќе ја завршницата од квалификациите за пласман на Европското првенство, четири мечеви за пет дена по што ќе добиеме одговор дали ќе бидеме дел од собирот на најдобрите селекции на стариот континент.

Пред нас се два дуели со Италија, а по еднаш ќе ги одмериме силите со домаќинот Русија и Естонија, селекција која ни е директен противник за билетот за ЕП. Во националниот тим се оптимисти и веруваат дека можат да дојдат до целта иако распоредот е пеколен и темпото ќе биде многу напорно.

-Четири натпревари во пет дена е многу напорно темпо. Но немаме многу голем избор. Токму поради тоа е добро што се јавија сите повикани играчи за секој да помогне за пласман на Европско првенство

-Секако, поголемиот ростер на играчи на ваков турнирски систем на натпреварување многу значи, особено ако се знае дека играме четири натпревари за пет дена, -вели Дамјан Стојановски кој се надева дека ќе можеме да оствариме барем еден триумф пред завршната пресметка со Естонците.

-Сметам дека на секој натпревар треба да влеземе максимално подготвени. И доколку извојуваме некоја победа пред средбата со Естонија ќе биде од големо значење пред тој дуел со Естонија. Се разбира дека верувам, со добра подготовка и позитивна енергија мислам дека имаме добри шанси за пласман на Европското првенство, -заврши членот на МЗТ Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни