Поврзете се со нас

Свет

Стојановски најдобар кога беше најпотребно, Гравелин-Данкерк мина уште една пречка во Купот на Франција

Објавено

на

Тимот на Гравелин-Данкерк за кого настапува македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски со доста мака успеа да го мине 1/32 финалето во Купот на Франција.

Војдан и компанија се соочија со второлигашот Суфелвејерсајм кој одигра квалитетно, борбено и беше во позиција и да слави на оваа средба. Домаќините во последниот период влегоа со предност од 52-45, но тука се разбуди нашиот Стојановски кој асистираше, скокаше, но и постигна осум од вкупно десетте поени на оваа средба и беше меѓу заслужните што гостите се изборија за продолжение (70-70), дополнителни пет минути во кои го искористија залетот за конечни на крајот 81-79.

Стојановски беше еден од шестмината двоцифрени играчи кај победникот, поточно освен 10 кошеви собра 6 скокови, 2 асистенции и 3 украдени топки со што дојде до 14 индексни поени или беше втор најкорисен играч за Хортон со 19 индексни поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни