Стојановски на ниво, Бујукчекмече убедливо до втората победа во Турција

vojdan vodi

Составот на Бујукчекмече је прекина серијата од три порази во турскиот шампионат и попладнево пред своите гледачи славеше убедлив триумф над Газиантеп со 98-78.

Домаќините ја загубија првата четвртина (20-24), но во продолжението му одржаа вистинска лекција на ривалот и заслужено ја запишаа втората сезонска победа во петтиот натпревар.

Нашиот Војдан Стојановски во овој триумф учествуваше со 14 поени, поефикасни од него беа Молдовеану (15), Рајт (16) и Вокер со 26 кошеви.

Facebook Коментари