Поврзете се со нас

Репрезентација

Стојановски ќе стисне заби и ќе биде во комбинација за настап против Естонија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Македонската кошаркарска сениорска репрезентација го започнува квалификацискиот циклус за Европското првенство, а првиот предизвик на овој пат ни е селекцијата на Естонија која вечерва (19 часот) ќе ја пречекаме во СРЦ Кале во Скопје.

Потребни ни се сите играчи кои се здрави, фит и подготвени, па дефинитивно голема вест е што за овој меч во комбинација ќе биде и капитенот Војдан Стојановски.

Членот на МЗТ Скопје се повреди во финалето на Купот против Пелистер и беше неизвесен неговиот настап. Се работеше за проблем со задната ложа на левата нога, проблем кој не е наивен, но големиот борец ќе стисне заби и ќе се обиде да им помогне во обидот да се дојде до победа која може да има огромно значање во оваа група во која се уште топ фаворитот Литванија и ко-домаќинот на Евробаскетот, селекцијата на Полска.

Димитријевиќ: Ова е друга генерација, не смееме да живееме со нереални очекувања…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни