Стојановски „испука десетка“ против Сакарија

stojanovski

Екипата на Бујукчекмече влезе во лоша резултатска серија во турскиот шампионат и вечерва го претрпе четвртиот пораз во низа на гостувањето кај Сакарија ББ со 77-67.

Домашниот состав подобро ги одигра вториот и последниот период (22-15, 17-11) што се покажа како доволно за десетти сезонски триумф. Бирсен со 18 поени ги предводеше победниците, додека Вокер на спротивната страна реализираше 19 поени.

Нашиот Војдан Стојановски од клупата за резерви уфрли 10 поени и 2 скока за 18 минути. Нова шанса за шеста лигашка победа Војдан и компанија ќе имаат на 4 февруари против Истанбул ББ.

Facebook Коментари