Поврзете се со нас

Свет

Стојановски и Гравелин се вратија на терен со важна победа

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски беше дел од победата на својата екипа Гравелин-Данкерк, која ги освои бодовите во дуелот со Шалон (84:80).

Гравелин направи речиси двомесечна пауза поради неколку одложени натпревари во серија, но денеска успеа да стигне до посакуваната цел со подобрата завршница од својот ривал.

Шалон го контролирал резултатот три четвртини, но последниот период му припадна на тимот на нашиот Стојановски со 30:14, што беше доволно за победа.

Нашиот кошаркар кој конечно им се врати на натпреварите, реализирал 6 поени и по една асистенција и скок за околу 23 минути на теренот.

Гравелин сезонава одигра само шест натпревари, во кои забележа две победи, па засега е поблиску до дното, отколку на средината на табелата во француското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни