Поврзете се со нас

Свет

Стојановски и Гравелин Данкерк успешно ја минаа осминафиналната пречка во Купот на Франција

Објавено

на

Тимот на Гравелин Данкерк за кого настапува Војдан Стојановски успеа да ја мине осминафиналната пречка во Купот на Франција.

Во еден возбудлив меч кој беше решен по дополнителните пет минути составот на Гравелин го доби Шалон Ремс со 104-100. Домаќините лошо го одиграа завршниот период и му дозволија на противникот со 28-14 да се избори за продолжение (91-91) во кое сепак Стојановски и компанија беа подобри и со 16-9 дојдоа до билет за следната фаза во ова натпреварување.

Стојановски беше на паркетот 7 минути за кои даде 3 поени со 1 асистенција, но и заработи 5 лични грешки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни