Поврзете се со нас

Свет

Стојановски и Гравелин Данкерк го изненадија Ле Ман

Објавено

на

blank

Екипата на Гравелин Данкерк за која настапува репрезентативецот Војдан Стојановски направи изненадување и славеше над Ле Ман со 91-77 во 23. коло во првата француска лига.

Ова беше дуел во кој пресудна беше третата четвртина која домаќините ја добија со дури 22 разлика (30-8) при што направија пресврт и дојдоа до двоцифрена позитива која потоа ја одржаа во завршните десет минути.

MекКри со 16 и Николиќ со 15 поени беа најдобри стрелци кај победникот за кого Војдан беше стартер и за 23 минути на паркетот реализираше шест кошеви со четири асистенции и еден скок.

Со учинок 5-6, Стојановски и компанија се наоѓаат на 10 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни