Стојановски го однесе Бујукчекмече до главната фаза на ФИБА Еврокупот

stojanovski

Турскиот прволигаш Бујукчекмече ги мина квалификациите и ќе игра во главната фаза на ФИБА Еврокупот, успех за кој голем удел има нашиот репрезентативец Војдан Стојановски.

Составот на Бујукчекмече славеше и на вториот меч против Тарту, овој пат со 73-68 со тоа што на мечот во Естонија најефикасен беше македонскиот бек. Војдан за победниците даде 17 кошеви со 2 скокови, 3 асистенции, 1 украдена и загубена топка за 30 минути на паркетот.

Зад него останаа Вокер и Симпсон со по 16 поени, а пак кај Тарту прво име беше Кук со 21 поен.

Facebook Коментари