Стојановски и Ѓуроски назад во Македонија, во Скопје ќе ја чекаат разврската

stojanovski

Двајцата македонски репрезентативци кои настапуваат во Франција, Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски се вратија во Македонија.

Поради коронавирусот ПРО А и ПРО Б лигите ги суспендираа сите наредни активности, па нашите кошаркарки кои ги носеа дресовите на Гравелин Данкерк и Евре беа ослободени од понатамошните обврски кон своите клубови.

-Според мене, тешко дека лигата ќе продолжи во некое догледно време. Не само кај нас, и другите клубови ги ослободија сите странски играчи. Сепак играчите се на прво место, -истакна Ѓуроски кој сега мора одредено време да биде во карантин поради ситуацијата со вирусот со оглед на тоа што е „повратник од странство“.

Facebook Коментари