Стојановски е првиот кошаркар на МЗТ Скопје кој стигна до ,,стотката” во АБА лигата

Damjan

Македонскиот репрезентативец и капитен на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски, викендов го одира 100. натпревар во АБА лигата.

Тој ова големо достигнување го реализираше со вкупно 1.076 поени (во просек на натпревар по 10,8 поени) постигнати во регионалното натпреварување проследени со 302 скокови и 187 асистенции.

Интересно е што дебито во АБА лигата му беше во 2012 година против Цибона во Загреб, а „стотката“ исто така ја заокружи против хрватски клуб.

Најмногу средби одигра во првата и во четвртата сезона на МЗТ Скопје во АБА-лигата (2012/13 и 2015/16) кога беше на паркетот во сите 26 средби од регуларниот дел од лигата. Во втората одигра 22, бројка која би требало да ја изедначи и сезонава откако ќе го одигра мечот од последното коло следната недела против Морнар во Бар. Најмалку имаше мечеви во сезоната 2014/15 кога поради повреда настапи на пет меча, а не беше дел од составот од Аеродром во минатиот шампионат.

Позади него на листата со настапи во дресот на МЗТ Скопје се Кирил Николовски и Урош Лучиќ кои имаат идентичен број настапи со бројка од 56 настапи.

Facebook Коментари