Стојановски и Бујукчекмече немоќни против Фенербахче

vojdan

Војдан Стојановски по добро одработената задача со нашата репрезентација им се врати на клупските обврски каде денеска со колегите од Бујукчекмече доживеаа очекуван пораз од Фенербахче во турскиот шампионат.

Актуелниот турски и европски првак славеше со 82-59 во натпревар во кој ги доби сите четири четвртини. Нанали (13), Махмутоглу (11) и Мели (10) беа двоцифрени кај Фенер, додека на спротивната страна Бајкан со 14 кошеви ја предводеше листата на стрелци.

Македонскиот репрезентативец Стојановски мина 20 минути на паркетот со скромен учинок од 4 поени, 2 скока и 3 загубени топки.

Facebook Коментари