Стојановски и Бујукчекмече немаа одговор за Ескишехир

Stojanovski-Bujukcekmece3

Турскиот прволигаш Бујукчекмече загуби пред своите навивачи од Ескишехир, екипата која во моментов се наоѓа на второто место на табелата и покажува дека сезонава има сериозни амбиции во шампионатот.

Војдан Стојановски и неговите соиграчи немаа одговор за расположените гости кои водеа и на полувреме, а беа подобри и во решавачкиот период. Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со 9 поени, со висок процент на реализација (80%), а негови најефикасни соиграчи биле Вокер и Рајт со 24, односно 20 поени.

Бујукчекмече по ова деветто коло има три победи и шест порази, додека противникот има шест победи и три порази и барем моментално е на високата втора позиција во турското кошаркарско првенство.

Facebook Коментари