Поврзете се со нас

Македонија

Стојановиќ прозиваше и го одржа првиот состанок со Охрид

Објавено

на

И тимот на ГРК Охрид ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Тренерот Раде Стојановиќ ја имаше првата прозивка, ги собра сите ракометари во СЦ „Билјанини извори“ каде беше одржан состанок како почеток на подготовките.

 

Секако беа запазени сите мерки и протоколи, односно стручниот штаб и управата на ракометарите им посакаа добро здравје и успешна сезона.

Охрид во домашниот шампионат, во првата фаза ќе игра во групата А заедно со Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, КЛ7, Радовиш и Пролет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни