Поврзете се со нас

Свет

Стојановиќ и Тримо му земаа мерка на шампионот Горење

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rktrimotrebnje

Македонскиот ракометен стратег, Раде Стојановиќ со неговиот тим Тримо Требње издвојува голема победа над актуелниот шампион Горење Велење во првата лига на Словенија.

Избраниците на Стојановиќ како гости му земаа мерка на првакот со резултат 28:23. Тримо одигра супер квалитетно во првиот дел во кој се стекна со предност од пет гола (15:10), позитива која беше од огромно значање во продолжението во кое истата беше сочувана и со тоа потврдена победата во Велење.

Ова за клубот од Требње беше второ славје во четвртиот сезонски натпревар, најефикасен беше Соршак со осум погодоци.

Кај поразените Поклар и Соколиќ имаа по седум реализации.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни