Поврзете се со нас

Свет

Стојановиќ го надмудри Зорман, Тримо Требње со лекција за амбициозниот Слован (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rktrimotrebnje

Македонскиот ракометен стратег, Раде Стојановиќ го надмудри и му одржа лекција на Урош Зорман во битката на Тримо Требње и Слован Љубљана во првата лига на Словенија.

Домашниот тим беше на далеку повисоко ниво и го совлада досегашниот лидер во шампионатот со 34:24. Стојановиќ максимално ја имаше подготвена својата екипа која го разби ривалот уште во првиот дел кој го доби со 22:11, па потоа без проблеми го контролираше мечот, резултатот и го потврди големиот триумф.

Пип со десет гола беше прв стрелец, некогашниот голман на Пелистер Лесјак пак имаше осум интервенции. Зобец, Мливиќ и Пајт пак имаа по четири реализации кај поразените.

Тримо со 20 бода е трет на табелата зад Целје и Слован.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни