Поврзете се со нас

Македонија

Стојанов ќе го носи „црвено-белиот“ дрес на Тиквеш

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Екипата на ГФК Тиквеш 1930 утре ќе го дознае ривалот во првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, но претходно клубот од Кавадарци претстави уште едно засилување за новата сезона.

Нов член на актуелниот освојувач на Купот на Македонија е 25-годишниот Мартин Стојанов. Тој во Кавадарци доаѓа од Септември Софија од Бугарија, а претходно во нашата земја играше за Пехчево и Брегалница Штип.

Стојанов е петто засилување за Тиквеш кој претходно ги доведе Стефан Тасев, Михаил Маневски. Ѓорѓи Ѓорѓиев и Давид Манасиевски, а соработката беше продолжена со Благоја Спиркоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни