Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Стоилов: Сите четири екипи имаат подеднакви шанси за успех

Објавено

на

За „Дерби“ од Келн,
Александар Табаковски

Составот на Вардар за прв пат во својата историја ќе настапи на еден завршен турнир во Лигата на шампионите, но избраниците на Раул Гонзалес веруваат оти имаат се што е потребно за да се носат со остантите гиганти кои веќе ја имаат искусено оваа фаза како Барселона, ПСЖ и Веспрем.

Капитенот, Стојанче Стоилов не гледа фаворит на овој настан во Келн и на сите четири состави им дава подеднакви шанси за шампионската титула.

-Да за прв пат сум во Келн, ова е прв ваков настан за многу момци од клубот. Мислам дека сите четири клубови имаат подеднакви шанси за триумф, јас им посакувам среќена на сите, ама се надевам ние ќе победиме. Јас го имам гледано завршниот турнир, ама да се гледа на ТВ е поразлично. Ќе ви кажам утре какво ќе биде искуството, -истакна Стоилов.

Вардар утре во второто полуфинале ќе ги одмери силите со Барселона на нашите Кире Лазаров и Борко Ристовски.

-Барселона е клуб со историја, ќе биде многу тешко. Ние ги почитуваме, како играчите така и тренерот, ама ние се подготувавме за ова, со години размилсуваме за овој фајнал фор, дојдени сме со цел и се надевам ќе ја заоружиме таа цел, -дополни Стоилов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни