Лига на шампиони
Стоилов: Помислив дека Кире сам ќе ја сврти, но добро испадна
За „Дерби“ од Келн,
Александар Табаковски
Со историскиот пласман на Вардар во финалето на Лигата на шампиони, Стојанче Стоилов вели дека првата цел е остварена и сега на „црвено-црните“ им останува со ладни глави да влезат во утрешното финале во Келн и да се обидат да го победат ПСЖ.
– Победивме во последна секунда со еден гол. Тоа е ракометот, не можеш нон-стоп да играш на исто ниво. Знаеш дека противничкиот тим ќе има свои моменти, па ти ќе имаш свои моменти. Треба да го искористиш својот момент да дадеш што повеќе голови. Циндриќ, Штербик, Душебаев… Мислам дека цела екипа беше на ниво, ова беше тактичко гушење на две екипи што се познаваат добро и што се спремаат еден за друг, па тешко е да наметнеш своја игра – рече Стоилов по победата над Барселона од 26:25.
Македонскиот репрезентативецот го повтори неговиот став од пред фајнл форот дека сите четири тима во Келн имаат подеднакви шанси за титулата, а го искоментира и настапот на неговиот колега од националниот тим Кире Лазаров, кој постигна шест гола за Барселона.
– Едно време мислев дека Кире сам ќе ја сврти, но добро испадна на крај – изјави Стоилов.
-
Светски првенства16 часа
Белами: Македонија е поинаков предизвик за нас
-
Шпанија22 часа
Жалбата на Барселона одбиена, Флик се сели на трибина
-
Шпанија11 часа
Димитриевски застана на голот на Валенсија во Примера, „лилјаците“ загубија на „Хосе Зорилја“ и паднаа на последното место (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Гостински предизвици на почетокот и крајот на квалификациите: Познат распоредот на македонската репрезентација на патот до СП (ФОТО)
-
Шпанија16 часа
Пике откри кој му омилен играч од Барселона и посочи два клуба кои најмногу ги почитува
-
Англија21 час
Манчестер Сити објави рекордни приходи во историјата на Премиер лигата
-
Репрезентација20 часа
Милевски за противниците во квалификациите за СП: Ждрепката во Цирих носи надеж за добар пласман
-
Свет18 часа
Белгија првпат немаше селектор на ждрепката за СП, медиумите ја открија причината за отсуството на Тедеско