Стоилов: Ова е меч на кој ќе видиме кои сме и што сме

Stoilov-CZE

За „Дерби“ од Виена,
Ристе Влахов

Македонија вечерва ја очекува последниот, клучен натпревар од првата фаза на Европското првенство и тоа против домаќинот Австрија.

Средбата започнува од 18:15 часот во Виена, а пикерот Стојанче Стоилов е оптимист и верува дека ќе одговориме на задачата и ќе обезбедиме пласман во главната рунда на шампионатот,

-Ова е натпревар да се биде или не за нас, ако победиме со два гола мислам дека носиме и бодови што е многу важно. Ова е меч на кој ќе видиме кои сме и што сме. Треба да поправиме некои ситници од мечот со Чешка кој според мене воопшто не беше лош, ама токму тие ситници ја прават разликата, дали ќе победиш или нема на крај. Се надевам ќе се корегираме и ќе се израдуваме ние како и целата нација. Ова е европско првенство, мотивација никогаш не недостига. Наше е да излеземе и да победиме, -истакна Столе кој запрашан за тоа дали се е во ред со него затоа што ја пропушти завршиницата против Чешка директно одговори:

-Се е во ред со мене. Немаше како да влезем на дуелот со Чешка, момците се вратија без мене и мислам дека селекторот направи вистински потег. Ќе беше некоректно да ме врати, на крајот немавме среќа.

Во однос пак на вечерашниот противник капитенот на Вардар порача дека истиот го цени, но и дека воопшто не стравува од Австрија.

-Освен што се домаќини, ништо друго не ме плаши од Австријците. Шутери се, имаат добри крила, знаеме против кого играме, се надеваме ќе ги анулираме нивните предности, -порача нашиот најдобар кружен напаѓач.

Facebook Коментари