Стоилов: Очекувам голема борба, ќе дадеме се од себе, па што сака нека биде!

stole stoilov vs CG

Од Загреб за „Дерби“
Александар Табаковски

Нашата репрезентација денеска „одмара“ на европскиот шампионат, но воедно и се подготвува за третиот и последен предизвик од првата фаза битката со Германија.

Ние по првите две кола имаме максимален ефект и четири бода, додека пак бранителот на трофејот има ефект од три бода (победа и реми), па ова е битка за првото место во групата Ц. Германците на хартија се апсолутни фаворити, тоа го посочува и Стојанче Стоилов со тоа што ветува оти е ќе го дадат се од себе, ќе бидат максимално борбени во обидот да дојдат до нов позитивен резултат.

-По два натпревари имаме две победи. Пред да дојдеме тука кажавме дека ќе одиме чекор по чекор, без еуфорија, ветувања. Одигравме два тешки мечеви со Словенија и Црна Гора и сега сме во добра позиција. Сега следува пресметка со шампионот, Германија е апсолутен фаворит. Се надевам ќе изиграме борбено максимално, одбраната ни е главно оружје на ова првенство и ако ни отвори шанса да изненадиме, ако не здравје. Очекувам многу борба, имаат топ играчи. Наше е да дадеме се од себе, па што биде нека биде, -порача Столе.

Facebook Коментари