Стоилов: Нема што да се лажеме, Веспрем е апсолутен фаворит

stole-koksarov

Екипата на Вардар влегува со доста проблеми во дуелот со Веспрем во Лигата на шампионите, па капитенот Стојанче Стоилов како никогаш досега кога се во прашање дуелите во Скопје фаворитската улога му ја препушти на противникот или тоа во случајот е унгарскиот гигант во кој има многу добро познати имиња кои во минатото беа дел од „црвено-црниот“ табор.

-Ова ни е последен натпревар оваа полусезона во ЛШ. Нема веќе што да се зборува за ситуацијата во која се наоѓаме, ростерот е тој што го имаме. Веспрем е апсолутен фаворит и тука нема што да се лажаме. Што е до нас, ние мора да се бориме и да не ја разочараме публиката. Ќе играме со тоа што го имаме. Не можеме да ја подготвиме одбраната како што посакуваме. Голманите не се на ниво, а со тоа и одбраната. Меѓутоа вината не е кај голманите, ова е тим и сите сме виновни, -истакна Стоилов.

Најновата вест околу Вардар е дека Кристијан Дисингер е опериран и ќе паузира 4-5 месеци, додека пак неизвесен за настап е и Даинис Криштопанс.

Facebook Коментари