Поврзете се со нас

Репрезентација

Стоилов нема да игра против Египет

Објавено

на

Најдобрата македонска ракометна репрезентација ја очекуваат два натпревари против Египет во Каири, два натпревари кои се на програмата утре и задутре.

Ова се дуели на кои селекторот Кирил Лазаров ќе може да види во каква форма се неговите избраници, да испроба некои тактички варијанти затоа што пред нас се сериозни предизвици. Некои од играчите кои беа повикани ќе отпаднат, а најзвучното име е Стојанче Стоилов.

Капитенот на Вардар влече повреда и ќе биде изземен од ова патување во Египет. Од комбинација отпаѓа и голманот Градими Чаневски, потоа Петар Атанасијевиќ кој беше алтернатива за Бојан Маџовски кој е во ред и ќе може да игра со „фараоните“.

Единствено дилема е Томислав Јагуруновски кој на тренинг заработил повреда на зглобот, па ако не може да игра тогаш Марко Митев ќе биде дел од селекцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни