Стоилов: Не летаме во облаци, сите сме желни и подготвени за победа

stoilov

Овој викенд ракометарите на Вардар ќе имаат уште еден голем предизвик во Лигата на шампионите, битка со Барселона и Борко Ристовски на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“.

Во изминативе години двете екипи редовно ги одмеруваат силите со тоа што последната пресметка меѓу македонскиот и шпанскиот првак беше Супер Глоуб турнирот во август каде Барса победи со 32-19.

Ова е добра можност за реванш, а тоа го најави и капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов.

– Барселона е една од најдобри екипи на светот. Оваа сезона ни го нанесоа единственот пораз на Супер Глоуб турнирот, па се надевам сега ќе ги победиме на домашен терен. Немаме повредени играчи, сите се подготвени за победа. Со помош на навивачите се надевам ќе ја оствариме посакуваната цел. Во сезонава немавме проблеми во нападот само против Пик Сегед. Ние не ги користевме чистите шанси и тоа мораме да го поправиме,  на нашите средби секогаш противничкиот голман е најдобриот на теренот. Клубовите уште од лани започнаа да не респректираат, додека пак сега добро се носиме со титулата шампиони, -рече на денешниот прес Стоилов.

Средбата Вардар-Барселона се игра в сабота од 17:30 часот.

Facebook Коментари