Стоилов ги повика „комитите“: Вардар заслужува полни трибини!

Stoilov

Пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов, упати повик Македонија достојно да го поддржи европскиот првак во новата кампања од Лигата на шампионите.

Капитенот на „црвено-црните“ му препушти на тренерот Гонзалес да зборува за противничката екипа, а од оваа сезона е засилен и од Кирил Лазаров, порачувајќи меѓу редови дека Французите се оние што треба да се грижат за гостувањето во Скопје.

– Досега сезоната се одвива како што посакувавме: извојувавме победи на сите натпревари во СЕХА лигата, како и на првиот меч од Лигата на шампионите како гости во Висла,- рече Стоилов во својот вовед. – Натпреварот против Нант в сабота е дуел со незгоден противник, но ние сме шампиони и треба да се однесуваме како шампиони. Апелирам до навивачите на Вардар да дојдат во што поголем број, затоа што ние како европски прваци заслужуваме да играме пред полни трибини,- повика капитенот на Вардар.

Почетокот на натпреварот е закажан в сабота од 17.30 часот.

Facebook Коментари