Стоилов и Георгиева најдобри македонски спортисти за 2017 година!

stojance stoilov sng 2017

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов и каратистката Јована Георгиева се најдобрите спортисти на Македонија за 2017 година во изборот на Агенцијата за млади и спорт.

jovana gjorgieva karate

– Огромна чест и задоволство што тука пред спортскиот крем на Македонија ја добивам оваа награда. Оваа награда пред мене ја освојуваа многу подобри спортисти и ја сум среќен што сум дел од тоа друштво. Ракомет сам не се игра, сакам да им се заблагодарам на колегите од репрезентацијата и на оние од Вардар со кои направивме историски успех. Оваа година за мене беше многу трофејна и се надевам оти 2018 ќе биде уште подобра, почнувајќи од јануари од ЕП во Хрватска, -истакна Стоилов која оваа награда му ја додели премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

laureati sng 2017

Ова се наградените во сите категории:

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА

Стојанче Стоилов – ракомет

СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА

Јована Георгиева – карате

НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ

Петар Заборски – карате

НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА

Симона Симовска – карате

СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ

Кире Лазаров – ракомет и Дејан Георгиевски – Таеквондо

НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР

Раул Гонзалес – ракомет

НАЈУСПЕШНА СПОРТСКА ФЕДЕРАЦИЈА

Ракометна федерација на Македонија

НАЈУСПЕШЕН МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ

Ракометна репрезентација на Македонија до 21 година

НАЈУСПЕШЕН ЖЕНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ

Ракометна репрезентација на Македонија – кадетки

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ

Андреј Стојаноски – пливање

НАЈУСПЕШЕН УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТСКИ КОЛЕКТИВ

Женски тим на карате на Универзитет Кирил и Методиј

НАЈУСПЕШЕН УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КОЛЕКТИВ ОД СРЕДНИ УЧИЛИШТА

СОУ Никола Карев – Струмица

НАЈУСПЕШЕН УЧИЛИШЕН СПОРТСКО КОЛЕКТИВ ОД ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

ОУ Страшо Пинџур – Кавадарци

 

Facebook Коментари