Поврзете се со нас

Македонија

Стоилов е играчот кој имал позитивен тест на КОВИД-19, Михајловски откри каква е здравствената ситуација на капитенот (ВИДЕО)

Објавено

на

Денеска се појави информацијата дека во таборот на ракометниот клуб Вардар имало позитивен случај на коронавирусот, вест која е точна и која ја потврди првиот човек на клубот Михајло Михајловски.

Михајловски обелодени дека капитенот Стојанче Стоилов е тој кој имал позитивен тест на КОВИД-19. Пикерот почувствувал омалаксаност, имал температура по што направил тест кој покажал дека е заразен со коронавирусот.

Добра вест е што Стоилов сега е во добра здравствена состојба и не чувствува ниту еден симптом на вирусот.

Во продолжение слушнете што се каже Михајловски на оваа тема за „Канал 5“.

Само за потсетување Вардар за неколку денови (29 август) е домаќин на Нексе во реваншот од четврфиналето на СЕХА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни