Поврзете се со нас

Македонија

Стоилов: Бездушно го казнија Вардар, но и ова ќе го надминеме

Објавено

на

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов беше присутен на денешната прес конференција на претседателот Михајло Маневски кој говореше отворено и искрено за ситуацијата, потезите на клубот по казната од ЕХФ која го остави скопскиот тим без настап во Лигата на нашмпионите во наредната сезона.

Ова беше неочекуван удар и шок за вардарци кои и во минатото се имаат соочувано со тешки ситуации, па најавија нова борба и покрај потегот на Европската ракометна федерација.

-Многу сум разочаран од одлуката на ЕХФ, не се свесни каква е ситуацијата во клубот и бездушно го казнија Вардар. Долговите се при крај, клубот конечно застанува на здрави нозе, оваа казна не врати назад.

-Јас сум тука долго време, немам намера да си одам и ова ќе го надминеме. Се надеваме дека Михајло ќе остане дел од клубот, ги разбирам неговите мотиви, ама мислам дека не е време да се повлече. Го спаси Вардар од колапс, меѓутоа клубот се уште не е спасен. Сакам да испратам порака, не беше многу одамна кога освоивме титула, овде брзо се забораваат успесите.

-Вардар не може така да згасне, јас сум ги слушал тие ветувањата. Треба да се помогне, ситуацијата е тешкa, меѓутоа може да се исполни барем дел од нив. Вардар пак ќе атакупа на титула, иако ќе биде многу тешко. Пелистер има респактабилна екипа, одамна не сме имале ваква конкуренција, но ние сме Вардар, ние сме шампиони и повторно одиме на титула. Свесен сум дека е тешко време, пандемија, војна, не е лесно да се обезбедат средства, меѓутоа да се реализира нула од она што е ветено, тоа не е нормално, -истакна капитенот Стоилов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни