Стоилковска запрена во четвртфиналето во двојки во Анталија

Magdalena-Stoilkovska

Магдалена Стоилковска и нејзината партнерка Ена Кајевиќ од Хрватска не успеаа да направат изненадување и да ја минат четвртфиналната пречка на фјучерсот во Анталија, Турција што се игра за вредност од 15.000 американски долари.

Македонско-хрватска комбинација доживеа пораз од вторите носителки Пиа Кониг (Австрија) и Алина Силич (Русија) со 2-0 во сетови со 6-4 и 6-2 по еден час игра на теренот број два.

Стоилковска на овој турнир имаше настап и во поединечна конкуренција, но загуби во првото коло од првата носителка Ајла Аксу.

Facebook Коментари