Стоилковска и се придружи на Ѓорческа во главната фаза на турнирот во Анталија

Magdalena_Stoilkovska

Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска ги мина квалификациите и ќе биде дел од главната фаза на ИТФ фјучерсот во Анталија, Турција.

Стоилковска во завршната рунда во квалификациите славеше над Русинката, Александра Василјева од Русија со 2-1 во сетови. Русинката поведе со 1-0 во сетови (6-3), но потоа на сцена стапи Магдалена која со 6-3 и 10-8 се избори за победа со која дојде до посакуваната цел.

Сега за Македонката следи прво коло во ждрепката и тоа против Анхелина Калита. Другиот наш преставник во оваа фаза е Лина Ѓорческа која е прва носителка и на старот ќе игра против Сапфо Сакелариди.

Facebook Коментари