Стоилковска се избори за главната фаза на турнирот во Унгарија

magdalena stoilkovska

Младата македонска тенисерка, Магдалена Стоилковска успешно ги мина квалификациите и ќе игра во главната фаза на фјучерсот во Секешфехервар, Унгарија за награден фонд од 15.000 американски долари.

Таа во последната рунда ја доби Барбора Палцатова од Словачка со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-4. Првиот предизик во првото коло ќе и биде домашната претставничка Алеха Пирок која е 1019 на ВТА листата.

Facebook Коментари