Стоилковска се избори за четвртфинале во двојки во Турција

magdalena stoilkovska

Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска ќе игра во четвртфиналето во двојки на фјучрсот во Анталија, Турција.

Магдалена во комбинација со Ена Кајевиќ од Хрватска денеска на теренот број девет славеа над Руснките, Александра Миронова и Аделина Барави со 2-0 во сетови со 6-2 и 6-2. Следната битка македонско-хрватскиот пар ќе го водат против вторите носителки Алина Силич (Русија) и Пиа Кониг (Австрија).

Турнирот се игра на земја за награден фонд до 15.000 американски долари.

Facebook Коментари