Стоилковска немоќна во првата рунда во Анталија

magdalena stoilkovska

Магдалена Стоилковска го заврши својот настап во Анталија кога се во прашање мечевите во поединечна конкуренција.

Таа дојде во главната фаза како „среќен губитник“, но во првата рунда немаше сили за да и се спротистави на Паула Ормаечеа од Аргентина која е 658 на ВТА листата, но пред четири години била 59 на светот (најдобар ранкинг).

Паула славеше по еден час игра со 6-1 и 6-0. Сега за Стоилковска останува настапот во двојки каде со Александра Бучинска (Полска) ќе играат во четвртфиналето против вторите носителки Тена Лукас и Елени Кордолаими.

Фјучерсот во Турција се игра на земјени терени за 15.000 американски долари.

Facebook Коментари