Стоилковска немоќна против Пирок на турнирот во Унгарија

Magdalena_Stoilkovska

Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска го заврши настапот на ИТФ фјучерсот во Секешфехервар, Унгарија кој се игра на земјени терени за вредност од 15.000 американски долари.

По добриот настап во квалификациите Магдалена денеска во првата рунда во главната фаза излезе на мегдан против домашниот рекет Алекса Пирок која се покажа како преголем залак и загуби по еден час и 33 минути игра со 2-0 во сетови со 6-2 и 7-6.

Facebook Коментари