Стоилковска немаше среќа во Анталија: Изгуби од првата носителка на Фјучрсот, денес ќе настапи во двојки

Magdalena Stoilkovska

Магдалена Стоилковска, македонската тенисерка немаше среќа и не успеа да продолжи понатаму фјучрсот во Анталија, кој се игра за  за награден фонд од 15 илјади долари. Стоилковска немаше сили да и се спротистави на првата носителка Ајла Аксу од Турција и изгуби со резултат од 2-0 во сетови (6:0 и 6:4).

Утешна награда на македонската тенисерка е што на турнирот ќе настапи и во конкуренција на двојки. Таа, денес ќе настапи во првото коло и ќе игра заедно со Ена Кајевиќ од Хрватска против Русинките Аделина Барави и Александра Миронова.

Facebook Коментари