Стоилковска ја мина првата пречка во Подгорица

Magdalena-Stoilkovska

Вториот македонски рекет, Магдалена Стоилковска имаше позитивен старт во поединечна конкуренција на фјучерсот во Подгорица, Црна Гора кој се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

На централниот терен Стоилковска во првата рунда ја победи Милица Вујовиќ од Србија со 2-0 во сетови со убедливи 6-1 и 6-2. Со оваа победа таа си закажа пресметка со седмата носителка, Агнес Букта од Унгарија.

Да потсетиме вчера Магдалена со нејзината партнерка Михаела Џаковиќ доживеаа пораз во двојки од комбинацијата Остојиќ/Чакаревиќ со 2-0 во сетови.

Facebook Коментари