Стоилковска дојде до четвртфиналето во двојки во Анталија

Magdalena-Stoilkovska

Вториот женски македонски рекет, Магдалена Стоилковска се избори за четвртфинале во двојки на фјучерсот во Анталија, Турција.

Магдалена заедно со Александра Бучинска од Полска славеа со 2-0 (6-3, 6-0) во сетови над Абхилаша Мехра (Индија) и Валерија Шекина (Украина).

Стоилковска сега ја очекува и настап во сингл каде влезе во главниот дел од турнирот како лаки лузер, па во првата рунда ќе се соочи со Паула Ормаечеа од Аргентина.

Facebook Коментари