Стоилковска без одговор за седмата носителка во Подгорица

Stoilkovska

Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска е елиминирана од силниот ИТФ фјучерсот во Подгорица (Црна Гора) што се игра на земјени терени за 25.000 американски долари.

Македонката загуби во второто коло во сингл од седмата носителка Агнес Букта од Унгарија по еден час игра на централниот терен со 6-0 и 6-1.

На овој турнир Магдалена настапи во двојки со Михаела Џаковиќ (Србија), но паднаа на самиот старт од Остојиќ и Чакаревиќ.

Facebook Коментари