Поврзете се со нас

Шпанија

Стоичков за Лаутаро: Главното прашање не е дали знае да игра, најважната работа…

Објавено

на

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е главна трансфер мета на Барселона која ќе направи се за да го види Аргентинецот на „Камп Ноу“.

Додека траат овие преговори, разговори, информации во медиумите многу познати имиња се јавија и го дадоа своето мислење за тоа дали Лаутаро може да игра во Барселона, како би се снашол во шпанскиот великан.

Некои го советуваат Лаутаро да остане во Интер, други да го прифати повикот од Шпанија, а па сега на оваа тема свој коментар даде и Христо Стоичков.

-Мартинез има голема способност. Тој ќе научи многу во Барселона, ќе има одличен учител во Луис Суарез. Добро ќе се разбира со Меси, Гризман и Дембеле. Сака да се натпреварува, не само да дава голови. Тој расте секој ден. Мислам дека тоа го докажува оваа година.

-Прашањето не е дали тој може да игра или не, најважно работа е да се натпреварува. Мора да тренира, тој мора да се впушти во овој стил на игра. Поминав осум години во Барселона играјќи лево и десно [крило].

-Секој е замена и стартер, зависи од тоа како тренирате во текот на неделата, -порача Христо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни