Поврзете се со нас

Свет

Стоичков се приклучи во низата на теории на заговор за коронавирусот: Сето ова е голем бизнис!

Објавено

на

Христо Стоичков се надоврза во низата на теории на заговор од страна на познатите лица кога е во прашање коронавирусот, со тоа што Бугаринот верува дека овој вирус навистина знае да предизвика смртоносни последици врз одредена група на луѓе.

Легендарниот бугарски фудбалер и некогашен напаѓач на Барселона смета дека цела оваа пандемија е добро испланирана однапред и верува дека се работи за голем бизнис, но искрено се надева дека набрзо ќе се изработи усшена вакцина која ќе го врати животот во нормален тек.

– Се е толку поразлично сега. Има многу луѓе кои патат во светот, станува збор за вирус кој направи голема штета. Ова некој многу добро го осмислил со години наназад. Ова е испланирано.

– Ова е бактерија за која добро се анализирало и била правена од експерти. Овој вирус предизвикува тромбоза и инфаркти. Има посебен материјал во себе. Се надевам дека ќе излезе вакцина која ќе заврши со сето ова, – порачува Стоичков за „Инфобае“, јасно нагласувајќи дека според него вирусот е произведен во лабораторија.

– Се пазам трипати повеќе од претходно, не сметам дека јас сум Стоичков и дека сум недопирлив. Има некои кои сметаат дека ова не е ништо, во цела оваа ситуација има голем бизнис, – завршува Стоичков.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни