Стоичков откри каква шокантна позадина се крие зад трансферот на Нејмар во ПСЖ

hristo-stoichkov

Христо Стоичков е еден од најдобрите бугарски фудбалери на сите времиња и играч кој своите најдобри фудбалски денови ги мина како член на Барселона, клуб зад чии интереси постојано стои незаборавниот напаѓач кој често знае да се најде во центарот на вниманието поради својот предолг јазик и искреноста при изјавите.

Стоичков во две етапи го носеше дресот на Барселона и беше дел од неповторливиот „дрим-тим“ на Јохан Кројф, а со самото тоа си обезбеди посебно место во историјата на клубот и секако специјален примат меѓу фановите кои секогаш со голем интересе ги проследуваат неговите изјави.

Бугаринот сега се најде во центарот на вниманието со изјавата која ја даде за шпанска „Марка“ , во која се наврати на она што се случи изминатво лето, односно на сензационалниот премин кој го направи Нејмар од Барселона во ПСЖ.

Стоичков тврди дека зад трансферот на Нејмар во ПСЖ се крие позадина за која никој не сака да разговара во јавноста, а истата се поврзана со големата желба на Бразилецот еден ден да ја освои „Златната топка“.

– Нејмар потпиша за ПСЖ поради тоа што парискиот клуб стои зад „Франс Фудбал“, магазинот кој ја доделува „Златната топка“. Нејмар смета дека така ќе ја освои „Златната топка“, – кратко и јасно потенцира Стоичков.

Facebook Коментари